Вучиќ ја скрши бравата на вратата на кабинетот, бидејќи од Агенција за контрола на летање му барале 13 плата

Првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ ја искршил бравата од вратата на својот кабинет кога членовите на раководствот на Агенцијата за контрола на летање барале дозвола за себе и работницитр да исплатат 13 плата.Новинарот на „Блиц“ го следел овој настан од соседната канцеларија каде што внимението му го привлекло големата врева и галама на вториот кат на Владата на Србија.

„Бандо арамиска, марш надвор. Како не ви е срам. Надвор, никогаш повеќе да не сум ве видел.Никогаш не ви се доста парите, а имате највисоки плати во Србија,“ викал Вучиќ во ходниците на српската Влада.

Набрзо потоа, пред неговиот кабинет дошол домарот кој ја заменил бравата на канцеларијата. Еден од соработниците на потпретседателот на Владата, раскажал што се случувало.

„Дента додека работеше на финализирање на списокот на сите директори на јавни претпријатија кои треба да бидат сменети, дојдоа некои луѓе од Агенцијата за контрола на летање на Србија и Црна Гора. Беа со барање да им се исплати 13 плата, а таму просеч ните примања се околу 300.000 динари, додека директорот Слободан Цвијан има 850 илјади динари. Веднаш ги исфрли надвор и започна да вика на нив,“ вели соговорникот на Блиц.

Тој додава дека министерот за финансии Лазар Крстиќ, добил налог за забрана за исплата на тринаесета плата во јавните претпријатија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.