Вучиќ ја завршува посетата на САД

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ја завршува посетата на САД. Тој во рамки на посетата имаше низа средби на кои разговараше со американски официјални лица и претставници на бизнис групи, за билатералните односи, економската соработка и поддршката на Вашингтон за европскиот пат на Србија.

Вучиќ вчера во Белата куќа имаше средба со советничката на претседателот на САД за национална безбедност Сузан Рајс, а по состанокот порача дека Србија може да смета на поддршка од САД.

Нагласи дека САД ги почитуваат економските реформи на Србија, јави Танјуг.

Тој на Капитол Хил имаше средба и со претседавачот со Сенатскиот одбор за оружените сили, сенаторот Џон мекејн.

– Мекејн изрази поддршка за Владата на Вучиќ и даде целосна поддршка на Србија на патот на евроатланстските интеграции, наведува Танјуг.