Вучиќ: Моментално најпотребни се храна, лекови и облека

Српскиот премиер, Александар Вучиќ изјави дека на загрозените во пополавите најпотребни им се храна, вода за пиење, лекови за деца, облека, средства за хигиена…

Вучиќ наведе дека се потребни лекови за болести на срцето, дијабетес, за астма, сирупи и антибиотици за деца, и особено дезинфекциски средства.

Следните денови најкритична хидролошка ситуација ќе биде на реката Сава, но бранот кој ќе дојде во текот на денот во Белград ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави, се вели во извештај на Републичкиот хидрометеоролошки завод поднесен денеска на седница на Републичкиот штаб за вонредни ситуации.

Во следните денови – од 18 до 24 мај, во Србија ќе има уште еден поплавен бран на Сава чија висина ќе зависи од ситуацијата во БиХ и Хрватска, и поплавен бран на Дунав, но тоа ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави.

Следните денови водостојот во реките во Србија ќе биде големо опаѓање, освен на Сава, се вели во извештајот. Според РХМЗ на Србија, временската ситуација ќе се подобри – температурите ќе бидат во пораст и можни се само наместа слаби врнежи на територијата на државата.