Вучиќ: Не очекував провокација од премиерот на Албанија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска во присуство на премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека од него не очекувал провокација како на пример споменување на Косово.

„Жал ми е што Рама ја искористи оваа прилика да зборува за тема за која не сме се договориле, но мојата обврска е да не дозволам некоја да ја понижува Србија“, изјави Вучиќ на конференцијата за новинари по разговорот со албанскиот колега.

Сакав, додаде Вучиќ, да не се зборува за минатото, туку да разговараме за иднината.

Вучиќ како „инцидент“ го нарече тоа што албанскиот премиер го спомена Косово, додавајќи дека не знае какви врски има тој со Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.