Вучиќ нема да дава субвенции за извозот, но не воведува санкции кон Русија

Србија ќе ја почитува волјата на Европската унија и нема да дава субвенции за извоз на своите производи во Русија, но нема да воведе санкции кон Руската Федерација, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој наведе дека Србија не добила демарш од ЕУ, туку предупредување кое многу сериозно го сфаќа.

– Граѓаните на Србија без оглед на тоа можат да бидат мирни и спокојни и треба да знаат дека Србија со ништо и на ниту еден начин нема да бида загрозена – посочи Вучиќ.

Тој повтори дека членството во ЕУ е стратешка цел.

– Таква политика водиме бидејќи тоа е волјата на Владата на Србија и на граѓаните на Србија кои не избраа – посочи Вучиќ и додаде дека Србија нема да воведе санкции кон Руската Федерација бидејќи тоа е политика на Владата на Србија.