Вучиќ: Ни претстои тежок период и многу работа

Лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ изјавил дека не влегол во политиката за да се збогати туку им дал можност на другите да го сторат тоа, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

„Не сакам да флертувам со граѓаните, да ги лажам и затоа велам дека ни очекува тежок период и многу работа“, изјавил Вучиќ.

Тој уште истакнал дека не е задоволен од економската ситуација во земјата и го доставил планот на неговата партија за зголемување на инвестициите. Вучиќ прецизирал дека станува збор за 21 закон што ќе биде прифатен во периодот од 15 април до 30 јуни.