Вучиќ: Постигнавме договор со ММФ, нашиот план ќе го поддржи цел свет

Претседателот на српската Влада, Александар Вучиќ, изјавил дека по една година недициплина и неуспех, Србија постигнала договор со ММФ.

Премиерот рекол дека важна тема на нивниот разговор била и спроведување на сериозни реформи во Србија.

„Сакаме да бидеме економски конкурентна земја, не некој што ќе бара да ги достигне земјите на ЕУ, туку кој ќе заработува и обезбедува добар живот за своите граѓани. За тоа ќе ни треба некое време“, рекол премиерот и потсетил дека ММФ констатира дека тоа ќе биде во 2017 годин, но сепак, тој смета дека тоа ќе се случи во 2016 година.

Денеска во 14 часот, министерот за финанисии Дупан Вујовиќ, гувернерот на Народна банка на Србија Јоргованка Табаковиќ и претставници на ММФ ќе одржат заедничка конференција за медиумите.

mmf-foto-beta-1416316200-591244