Балкан

Вучиќ: Разни тајкуни се борат за промена на власта во Србија

Вучиќ: Разни тајкуни се борат за промена на власта во Србија

Српскиот премиер и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, синоќа изјави дека располага со докази дека различни тајкунски лобија се борат за промена на власта во Србија, пишува МИА.

– Нашата цел е да донесеме подобро утре за нашиот народ, Србија да биде модерна земја, демократски организирана и уредена и уверен сум дека во таа намера ќе успееме и дека ќе ги победиме сите оние на кои успех им е работите да ги вратат во минатото, со Србија да управуваат тајкунско-мафијашки кланови, како што управуваа од Земунскиот до кланот на Мишковиќ – рече Вучиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека СНС во тоа ќе се спротивстави и ќе биде главната брана.

– Бидејќи некои зборуваат дека никогаш не сме имале доволно докази… ние имаме докази како различни тајкунски лобија се борат и за промена на власта во Србија и да го вратат стариот систем за да го продолжат грабежот на Србија. Ние, во согласност со законот, ќе им се спроставиме- порача Вучиќ.

По седницата на претседателството на СНС, на која станало збор за внатрепартиските избори и реконструкција на Владата, Вучиќ кажа дека се разговарало за сите недостатоци и лоши работи кои ја следат работата на партијата и за тоа како да се надминат недостатоците.