Балкан

Вучиќ реагираше дипломатски, јас би го избркал Рама

Вучиќ реагираше дипломатски, јас би го избркал Рама

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, на повикот од албанскиот премиер Еди Рама, Србија да го признае Косово, реагираше на дипломатски начин, бранејќи го интегритетот и суверенитетот на Србија, оцени денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

– Нема сомнеж дека недипломатската и недржавната провокација на албанскиот премиер во текот на посетата на Белград, каде беше пречекан на највисоко ниво, е повод за тој да се прогласи за „персона нон грата“ во Србија – рекол Додик и додал дека тој да би се нашол во таква ситуација веднаш ќе барал Рама да ја напушти земјата.