Вучиќ: Реформирањето на Балканот е „полошо од пеколот“

Премиерот на Србија Александар Вучиќ во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си  реформирањето на Балканот го споредил со пеколот. Тој изјавил дека реформирањето на Балканот е „полошо од пеколот“.

„Кога ќе се обидете да спроведете какво било реформи, без оглед дали тоа се однесува на Србија, на Хрватска или на Босна, тоа ќе биде полошо од пеколот. Тоа е многу тешко, секако, но јас сум апсолутно посветен на тоа и одлучен и немам никаква дилема дека ќе бидеме многу успешни“, истакнал Вучиќ.

Тој истакна дека неопходните реформи за зголемување на компетитивноста долго време биле одложувани.

„Би рекол дека реформите ги одложувавме со векови иако станува збор за децении“, посочил Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да очекува оти се ќе биде завршено со помош на Европската унија.