Вучиќ: Сега е важно да спасите жива глава, после ќе мислите на имотите

Српскиот премиер Александар Вучиќ апелираше денеска на жителите на Обреновац каде што ситуацијата е критична, да не одбиваат евакуација и да ги слушаат упатствата на надлежните државни органи.

„Припадниците на војската и полицијата се таму и ги спасуваат луѓето, за два-три часа и јас ќе бидам таму,“ изјави Вучиќ.

Тој изјави дека до сега се извлечени голем број на лица и дека за сега е важно е да се спасат животите, а после ќе мислат за имотите.

„Не можете да опстанете на крововите и високите тераси, бидејќи куќите ќе ви се срушат,“ предупреди Вучиќ.