Вучиќ: Србија е фактор за стабилност и просперитет во регионот

Србија е фактор за стабилност и просперитет во регионот, изјавил српскиот вицепремиер и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, на состанокот со претседателот на групата на социјалистите во ЕП, Ханес Свобода, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Според Вучиќ, Србија постигна голем напредок во исполнувањето на условите за пристапување кон Европската унија. Според зборовите на Вучиќ, по изборите ќе започнат серија реформи.