Вучиќ: Србија постигна историски успех

Со првата меѓувладината конференција во Брисел, со која официјално почна преговорите за членство во Европската унија, Србија оствари историски успех, изјавил вицепремиерот Александар Вучиќ, пренесува српскиот весник „Политика“.

Вучиќ истакнал дека нема да отстапи пред оние кои сакаат да ја вратат Србија назад и да го загрозат нејзиниот успех и напредок.

„Сега ни останува да работиме посветено и да ја завршиме целата работа со усогласувањето со правилата на ЕУ, и тоа да се заврши до 2018 година“, истакнал Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.