Балкан

Вучиќ: Србија реагираше одмерено, но гордо

Вучиќ: Србија реагираше одмерено, но гордо

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија во разговорите со претседателот на албанската влада покажала вистинско гостопримство и дека на однапред подготвеното сценарио реагирала воздржано, гордо и примерно.

Вучич истакнал дека политиката на Владата на Србија е да се разговара и да се решаваат проблемите и дека тоа според него е политика на иднината.

Тој ги отфрла критиките дека требало поинаку да реагира на провокацијата на Рама.

Вучиќ нагласил дека денеска во разговорите со амбасадорите од земјите од т.н. Квинта (САД, Британија, Франција, Германија и Италија), меѓу другото ќе разговара и за вчерашната посета на Рама:

-Сакам да видам што мислат тие, дали имаат што да и забележат на Србија, дали не покажавме гостопримство, дали покажавме лошо гостопримство, дали некого навредивме, дали сме кажале нешто тешко или навредливо што нашите гости не го очекувале или само го штитевме сопствениот интегритет, гордост и суверенитетот на татковината, изјави Вучиќ.

Тој истакнал дека е познато дека Рама смета дека Косово е независно, но дека тоа не било тема на вчерашните разговори и дека доколку некој требало да ја стави таа тема на дневен ред, тоа би требало да го направат домаќините.

-Албанија нема никаква врска со Косово, или сакаа уште еднаш да ни покажат дека приказните за Голема Албанија не се само наш кошмар, туку и нечиј сон, изјави вучиќ и истакна дека и вчера во разговорите Рама немал одговор на прашањето каква врска има Албанија со Косово.