Вучиќ: Србија во јуни ќе ги почне преговорите со ЕУ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека дијалогот со Приштина ќе продолжи во мај, а во јуни ќе биде донесена одлука дали Србија да почне преговори со Европската унија за првите поглавија, објави „Политика“, пренесе МИА.

Вучиќ посочи дека разговорите во Брисел биле тешки и оти биле направени неколку отстапки.

– Сметам дека во мај во Брисел ќе биде донесено конечно решение дали да ќе ги отвориме првите поглавија во јуни или тоа ќе биде оставено за септември, наведе Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.