Вучиќ утре ќе состави нова Влада

Српскиот претседател Томислав Николиќ утре на лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ ќе му врачи мандат за формирање нова влада на Србија.

Вучиќ, чија коалиција извојува убедлива победа на парламентарните избори во Србија што се одржаа на 16 март и освои 158 мандати во 250-членото Собрание, пред неколку дена најави дека новата влада ќе биде фомирана најдоцна до 27 април.
Покрај блокот партии околу СНС, во новата влада се очекува учество и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на актуелниот премиер Ивица Дачиќ, како и на Сојузот на војвоѓанските Унгарци (СВМ).

Коалицијата на СНС, блокот на социјалистите и СВМ заедно имаат 208 пратеници, што им гарантира стабилно мнозинство, кои се очекува да биде неопходно за спроведувањето на болните структурни реформи и за приватизацијата на големите државни компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.