Вучиќ: Во поплавите загинаа 33 лица, а 38 се водат за исчезнати

За време на поплавите со кои изминатите недели се соочи Србија, 38 лица се водат за исчезнати, а додека пак, 33 се починати, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.

Вучиќ информира дека наскоро ќе достави детален список за починатите и исчезнатите лица. Српскиот премиер демантираше дека повеќе по 500 лица се водат за починати и исчезнати.

Според информациите на српското МВР, за време на поплавите во Србија биле евакуирани 31.879 лица, оштетени се или се наоѓаат под опасност од уривање 1.763 објекти, додека поплавени се 2.260 згради. Во целина, од поплавите настрадале 39 општини и над 1,6 милион жители, а огромни штети претрпеа земјоделскиот, енергетскиот и транспортниот сектор во земјата.