Вучиќ во посета на Косово

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ги повика Србите од Косово да не ги продаваат своите имоти и им порача дека државата ќе остане со нив и ќе им помага, пренесува Танјуг.

Вучиќ денеска го посети селото Пасјане и во него отвори породилиште. Ова е прва посета на српски премиер на овој регион на Косово од 1999 година.

– Владата на Србија не ве заборави и никогаш нема да ве заборави. Имаме намера и тука, како и во Грачаница и Косовска Митровица, да отвориме свои канцеларии, изјави српскиот премиер пред неколку илјади граѓани, кои го пречекаа со овации и српски знамиња.

2vucic500

Toj истакна дека е неопходно поголемо присуство на српските институции во Косово, како и поголемо инвестирање.

– Наша работа е да ви обезбедиме патишта, да ви обезбедиме работа, рече тој.

Отворајќи го породилиштето, српскиот премиер рече дека во Косово се раѓаат најголем број деца во Србија.

– Тоа е нашата лулка и никој нема да не спречи децата тука да продолжат да се раѓаат, рече тој.

Српскиот премиер истакна дека Владата на Србија сака да има мир и стабилност и рече дека Србите треба да имаат добри односи со соседите Албанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.