Балкан

Вучиќ во САД: Се очекува засилена поддршка за членството во ЕУ

Вучиќ во САД: Се очекува засилена поддршка за членството во ЕУ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе отпатува во САД каде ќе се сретне со претставници на американската влада, вклучително и со Џозеф Бајден. Како што пишува српски „Курир“ се очекува САД, засилено да ги поддржи преговорите за членство во ЕУ.

Иако се шпекулираше дека Вучиќ нема да се сретне со вториот човек во САД, поради ненадејната смрт на неговиот син, од кабинетот на српскиот премиер потврдуваат дека средбата ќе се оддржи но дека ќе биде одложена за четврток.

Вучиќ исто така ќе се сретне и со заменикот државен секретар на САД за евро-азиска политика Викторија Нуланд и со влијателниот сенатор Џон Мекјен. Покрај тоа, планирани се среби и со претставници на најголемите компании во САД, како и со претставници на српската дијаспора.

Како што пишува српски „Курир“, според оценките на европските дипломатски претставници се очекува дека посетата на Вучиќ во САД засилено ќе ги поддржи преговорите за членство во ЕУ и ќе придонесе за тоа да се надминат неоправданите за Белград препреки за отварање на поглавјата во преговорите.

Инаку, Вучиќ изјави дека за време на посетата во Вашингтон ќе разговара и за можностите Србија да учествува во проектот ТАП (трансјадранскиот гасовод), кој го поддржуваат САД и ЕУ. Тоа не значи дека биде напуштена политиката на добри односи со Русија.