Балкан

Вучиќ избран за личност на годината во регионот

Вучиќ избран за личност на годината во регионот

Првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ ќе ја понесе титулата личност на годината во регионот, пренесува „Вечерње Новости“.

„Независне новине“ веќе неколку години избираат личност на годината, а претходно оваа награда им припадна и на Новак Ѓоковиќ, Мило Ѓукановиќ и Иво Јосиповиќ.

Признанието ќе му биде врачено во понеделник.

Пред свечената церемонија ќе се одржи и петтата заедничка седница на Владата на Србија и Република Српска.

Планирано е и премиерите Ивица Дачиќ и Жељка Цвијановиќ да потпишат Меморандум за бизнис-техничка соработка.