Вучиќ : Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за британската агенција Ројтерс изјави дека постигнувањето договор меѓу Белград и Приштина ќе треба да подразбира и јасни гаранции за влегување на Србија во Европската Унија во 2025 година, но тоа, како што оцени, голем број европски лидери, во време кога следат клучни избори за Европскиот парламент, не би сакале да го слушнат.

Ако постигнеме договор, Белград и Приштина, несомнено е дека Србија би морала да добие јасни гаранции за влез во ЕУ во 2025 година“, кажа Вучиќ во интервјуто што го пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ порача и дека каков било договор меѓу Белград и Приштина би бил подобар од кое било решение кое може да го донесе некој трет.

На Албанците секогаш им кажував – подобро е ние да се договориме, отколку сите други да се договараат преку наш грб, колку и да е тежок и лош договорот за двете страни, ако ние се договориме меѓу себе, ќе биде многу подобро, отколку да не се договориме па други да се договараат преку наш грб“, изјави Вучиќ за Ројтерс.