Вучиќ е за разграничување со Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека се залага за разграничување со Албанците во Косово и Метохија.

Јас сум „за“и тоа е мојата политика за разграничување со Албанците. Тоа дека имаме територија за која не се знае кој како ја третира и што на кого му припаѓа, тоа секогаш е извор на потенцијален конфликт. Но ќе видиме, за „танго се потребни двајца“. Не знам дали поитиката за која се залагам ќе добие подршка или не од народот, но јас се залагам за разграничување со Албанците, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека не може да навлегува во детали за она што се преговара со косовските Албанци, бидејќи на тој начин ќе ги отвори картите на Србија во преговорите и ќе ги загрози нејзините позиции.

Нема да се залетувам со патриотски изјави. Јас својата работа како претседател на Србија знам да ја работам. Кога ќе бидеме близу потенцијални решенија јасно ќе им кажам на граѓаните на Србија, вели Вучиќ.
Тој исто така, објасни дека договорот меѓу Белград и Приштина ќе биде сеопфатен пакет кој не е едноставен како што некои го замислуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.