Вучиќ и Путин разговарале за обидите за креирање голема Албанија

Фото Фонет

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер и избран претседател Александар Вучиќ разговарале во кинеската престолнина Пекин за изјавите на албанските политички челници и обидите да се креира таканаречената Голема Албанија, пишуваат во понеделникот белградските медиуми.

Како што пренесуваат Вечерње новости, рускиот претседател Владимир Путин и српскиот челник Александар Вучиќ оцениле дека сé позачестените заканувачки изјви на политичките преттавнии на Ачбанците „претставуваат потенцијал за судири“.

Претходно беше објавена изјавата на поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај кој се закани дека доколку Вашингтон и Брисел не помогнат во средувањето на работите меѓу Белград и Приштина, „Албанците самите ќе ја одработат таа работа“.

Харадинај бара од Уставот на Србија да се исфрли преамбулата во којашто нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, која со поддршка на САД и главните земји од ЕУ во 2008 година еднострано прогласи независност, се наведува како неоттуѓив дел од државната територија.

Делегацијата којашто во Пекинг ја предводи Вучиќ учествува на меѓунардониот форум „Појас и пат – меѓународната соработка“ во врска со кинеските амбици за воспоставување на проектот Патот на свилата.

Пекинг во рамките на своите планови за обновување на Патот на свилата веќе со години соработува со владата на Никола Груевски. Македонија е на листата на шеснаесетте европски земји важни за планирање на сообраќајните коридори.

Кина, Македонија, како и Србија, ја поврзува со грчкото пристаниште Пиреја коешто Пекинг го презема и многу брзо доведе до рекордно зголемување на контејнерскиот промет. Во кинескиот план е железничкиот правец од Пиреја, преку Македонија и Србија, до Будимпешта. Не е случајно што кинеските железници веќе со години соработуваат со македонските железници.