Вучиќ: Имаме информации дека во Република Српска ќе има немири

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека разузнавачките служби имаат информации дека е можно да дојде до немири за време на најавените протести во Република Српска.

И опозицијата и власта најавија митинзи во Бања Лука за 14 мај, а Вучиќ изјави дека Владата на Србија апелира до сите политички актери да го сочуваат мирот, јави Б92, пренесува МИА.

– Мирот и стабилноста се услови без кои Србија не може да оди напред. Затоа разговарав со Милорад Додик, Младен Иваниќ и Младен Босиќ и ја изразив загриженоста поради тие информации, додаде Вучиќ.

Српскиот премиер нагласи дека немирите би биле проблем за РС, но и за Босна и Херцеговина и Србија.

– Иднината и опстанокот на РС би биле доведени во прашање со какви било судири или физички пресметки, а Србија би била доведена во незавидна положба, рече Вучиќ на вонредната прес-конференција.

Опозицискиот Сојуз за промени за 14 мај закажа протести на граѓаните поради лошата економска и социјална состтојба во РС, а потоа СНСД соопшти дека истиот ден ќе организира митинг на своите приврзаници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.