Вучиќ изрази сочувство и подготвеност за помош

Српскиот премиер, Александар Вучиќ испратил телеграма со сочувство до премиерот Емил Димитриев по страшното невреме кое го погоди Скопје и околината, а во кое животот досега го загубија 21 лице.

-Природата повторно не опоменува дека не сме доволно силни да се спротивставиме на нејзината силина, но она што можеме да го направиме е да си помогнеме едни на други. Владата на Србија е подготвена, во рамки на своите можности, да понуди помош и поддршка за граѓаните и Владата на Македонија во отстранување на последниците од оваа природна непогода, стои во писмото на Вучиќ.