Вучиќ ќе се сретне со Трамп до крајот на годината

Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Блиц“.

Весникот, повикувајќи се на дипломатски кругови во Вашингтон, пишува дека претходно, околу 20 септември, Вучиќ ќе има средба со потпретседателот Мајк Пенс.

Таа ќе се одржи на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Тие ќе разговараат за Косово и дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за ситуацијата во регионот во целина. Извор на весникот додава дека се уште нема официјална потврда за средбата.