Вучиќ: Косово ќе биде на дневен ред за членство во УНЕСКО, но ние ќе се бориме

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека најверојатно на дневен ред на Извршниот совет на УНЕСКО ќе се најде членството на Косово во оваа меѓународна организација, „за што шансите тоа да не се случи не ни се големи, но ние ќе се бориме“.

– Ние сме мала земја, но ќе се бориме со цело срце и сите сили за правда и за она што и припаѓа на Србија и српскиот народ. Ние никому не земаме ништо, а нам ниту Турците не успејаа со векови да ни го одземат. Па сега нека повелат – истакна Вучиќ, нагласувајќи дека за жал гласовите на Антигва и Барбуда вредат исто како и гласовите на Индија, Бразил и Аргентина, кои се на српска страна.

Извршниот совет на УНЕСКО денеска ќе одлучува за тоа дали на дневниот ред на заседанието ќе се најде предлог-препораката за членство на Косово во оваа организација.