Вучиќ: На Балканот јакне екстремизмот

– Такви екстремни ставови постојат и во Европа, а некои влади дури ги преземаат политиките на тие (ектремистички) групи за да се заштитат од притисоците. Без разлика на промените во расположението, јас не сакам да правам компромиси со таквите идеи. Станува збор за политики кои скапо ја чинеа Србија, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека враќањето кон минатото и кон судирите би претставувало катастрофа за Србија, додавајќи дека тој не би сакал да биде претседател на Влада која би „морала да соработува со протагонистите на нестабилноста на регинот“.

– Долго се бороевме Србија да биде столб на стабилноста во регионот и да го зголемиме угледот на земјата во светот. Не смееме да дозволиме тоа да биде урнато преку ноќ, рече Вучиќ.