Балкан

белград и москва ја продлабочуваат соработката Вучиќ на нова средба со Путин во Москва

Вучиќ на нова средба со Путин во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе отпатува во понеделникот во нова посета на Русија, каде треба да се сретне со рускиот колега по должност Владимир Путин.

Се очекува Путин и Вучиќ да разговараат за воената соработка, по неодамнешната испорака од Русија на шест борбени авиони „МиГ-29“ на Србија, како и за планираната набавка на ракетни системи „Бук-2“ и „Панцир“.

Според Танјуг, двајцата претседатели ќе разговараат и за економската соработка и изградбата на гасоводот Турски тек.