вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Вучиќ на сослушување во полиција, прифатил да оди на полиграф

Српски „Курир“ објави дека Вучиќ, заедно со други лица, учествувал во притисоци, уцени и изнуди на противправен исказ на поранешниот директор на овој дневен весник.

vucik

Последни вести

„Вечерњи новости“ пренесуваат дека премиерот на Србија, Александар Вучиќ, доброволно отишол на сослушување во полиција. Како што јавуваат српските медиуми, тој се согласил да оди на полиграф.

Српски „Курир“ објави дека Вучиќ, заедно со други лица, учествувал во притисоци, уцени и изнуди на противправен исказ на поранешниот директор на овој дневен весник.

Весникот на насловна страница објави дека премиерот Вучиќ, со уште неколку лица, пред 20 дена барал од поранешниот директор на „Курир“, Александар Корница, лажно да сведоќи и лажно да го обвини сопственикот на „Курир“, Александар Родиќ.

Во Србија веќе со недели постои медиумска војна помеѓу „Курир“ од една страна и „Пинк“ и „Информер“ од друга страна.

Најчитани вести