Вучиќ: Најавата на Изетбеговиќ за признавање на Косово носи далекусежни последници

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача во вторникот дека изјавата на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговија, Бакир Изетбеговиќ, за признавање на независноста на Косово ќе има далекусежни политички и правни последици.

„Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и оти само прегазената и понижената Србија е добра Србија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за Deutsche Welle (DW) коментирајќи ја изјавата на бошњачкиот челник во БиХ, Бакир Изетбеговиќ кој рече дека БиХ веќе одамна требала да го признае Косово.

„Што се однесува до мене, досега Косово требаше да биде признаето. Сега ќе се налутат нашите колеги од Србија, а нашите обиди тоа да се случи само донесоа проблеми во БиХ, а не му помогнаа на Косово“, изјави Изетбеговиќ, претходно за DW.

На директното прашање за тоа „дали БиХ, во одреден момент, ќе го признае Република Косово“, одговорил со „Се надевам – да“. Според вторничните забелешки, наводно повеќето белградски медиуми во првите извештаи не ја цитирале така неговата изјава, премолчувајќи го „се надевам“.

„Тоа интервју комплицира многу нешта во регионот“, изјави Вучиќ за новинарите во вторникот, оценувајќи дека споменатото интервју е „комплексно“, како и дека ќе има делукусежни политички и други последници.

Шефот на српската држава тврди дека тој, доколку би изјавил дека треба да се признае независноста на Република Српска, би завшрил во Хаг.

Вучиќ најави дека Србија сето тоа сериозно ќе го согледа и ќе дада одговор, сугерирајќи дека е јасно оти треба да се потпре на соопствените сили, бидејќи, како што вели, „нема да ја имаме поддршката од меѓународната заедница. Оцени дека изјавата на Изетбеговиќ е „посериозна отколку што некој во Србија во моментов тоа може да согледа“.

Генераниот секретар на српскиот претседател Никола Селаковиќ претходно во вотрникот за Радио-телевизија Србија (РТС) рече дека Вучиќ во секоја прилика ја нагласувал „поддршката на територијалниот интегритет на БиХ, и тогаш кога тоа не му носеше политички поени“, како и дека „изразуваше подготвеност да ги сослуша и разбере потребите на бошњачкиот народ во БиХ и во Србија“.

Селаковиќ рече и дека шефот на српската држава „го боли и лицемерието на меѓународната заедница која има двојни стандарди кога станува збор за Србија“.

„Она што е најопасното во ова интервју е што тој (Изетбговиќ) зборува за вистинската намера на еден од претставниците на нашите соседи, да не се почитува територијалниот интегритет на Србија“, рече Селаковиќ.

Српскиот министер за внатрешни работи и секретар на Советот за национална безбедност, Небојша Стеановиќ, најави за четврток вонредна седница на овој Совет по повод најавата на Бакир Изетбеговиќ за признавањето на еднострано прогласената независност на поранешнашта српска јужна покраина Косово и Метохија.

Во Сараево, пак, на српските функционери им се забележува што во своите коментари го пренебрегнале фактот дека сите држави настанати по распадот на поранешна Југославија одзмна ја признале независноста на Косово, како и дека тоа со ништо не ги загрозило нивните односи со Белград.

Во случајот на БиХ, како и при сите други одлуки, проблемот е во тоа што за таков чин е потреба согласност од функционерите од сите три констутивни народа, а српските претставници упорно ја одбиваат можноста за признавање на Косово, идентично со ставовите на властите во Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.