Вучиќ најави разграничување на Србија и БиХ до крајот на 2017-та

Границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина ќе биде утврдена до крајот на годинава, изјави во неделата во Белград српскиот претседател Алекснадар Вучиќ по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Српската комисија веќе работи на утврдување на меѓудржавната граница и се надеваме дека Србија наскоро ќе има своите предлози, а очекуваме и согласност од Босна и Херцеговина“, најави српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со челникот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик.

Вучиќ порача дека Србија ќе настојува со конструктивни предлози „да не им наштети на српскиот и на другите народи во БиХ“.

Една од темите на разговорите меѓу Вучиќ и Додик била подготовката на декларацијата за зачувување на српскиот идентитет и јазикот, а нацртот од овој документ е најавен за втората половина на ноември. Додик на Вучиќ притоа му се пожалил за „сѐ полошата“ ситуација на Србите во БиХ.

„Хрватите ја инсценираа приказната со пописот дека таму живеат помалку Хрвати отколку што и има. Затоа Република Српска се побуни против објавувањето на тие податоци за пописот, па сега имаме проблем да се исполни прашалникот на патот кон Европската унија“, тврди Додик.

Ја оцени БиХ како „тешко одржлива земја“ бидејќи е „експеримент на странците“ кој ги креирале сите договори, а американската амбасадорка во Сараево, Морин Кормак ја обвини за „монопол над договорите“ меѓу актерите во БиХ.

„Дејтон е осквернавен, променета е суштината“, рече Додик и нагласи дека очекува помош од Србија и дека „не сака ништо освен гаранции за Дејтонскиот договор“.

Додик рече и дека од високиот претставник на ЕУ во БиХ „очекува извештај за работата из а Белград, бидејќи Србија и Хрватска се гаранти на Дејтон“.,

Вучиќ и Додик разговарале и за проекти во инфраструктурата, градење мостови меѓу Љубовија и Братунац, како автопати со кои би се поврзале Србија и БиХ за чиишто правци постојат спорови во БиХ, дали да се гради преку Тузла и Бијелина кон северозападот на Србија или да се поврза со средишните и југозападните делови на релацијата Сараево – Вишеград.

„Сметавме дека им помагаме не само на Србите туку и на Бошњаците, не само во БуХ туки во централна Србија“, но не можеме она што БиХ не го сака“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател тврди дека Србија, кога ќе биде завршен сообраќајниот Коридор 10 кон Македонија, Грција и Бугарија, ќе има најмногу километри автопати од сите земји на просторот од поранешна Југославија, додека пред само 15 години имала речиси двојно помалку.