Вучиќ: Не е важно што зборува Заев, ги чекаме на гласањето во УНЕСКО

Српскиот претседател Александар Вучиќ не го интересираат навредите на негова адреса од страна на челникот на СДСМ Зоран Заев кој во средата го доби мандатот за формирање на македонската влада, и порача дека ќе донесува заклучоци според делата, односно по тоа како Македонија ќе се постави кога ќе се гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, пренадио-телевизија Србија (РТС).

„Кога ќе дојде гласањето во УНЕСКО, тогаш ќе видиме дали ќе го исполнат тоа што го рекоа“, вели Вучиќ.

Додаде дека за разлика од Зоран Заев, не сака да зборува што мисли за него, бидејќи, како што вели, не е негово да излегува со свои ставови, туку тоа е работа на граѓаните на Македонија.

„Тој ја претставува втората по големина партија во Република Македонија. Ќе има можност да формира влада. Ќе видиме и ќе судиме според неговите дела. Не ми пречи што мене лично ме навредуваше, тоа кажува повеќе за него отколку за мене. Не се брзам да му одговорам на таков начин“, порача Вучиќ.

Вучиќ посочи дека сé уште не добил одговор на прашањето кога раководството на Србија се однесувало националистички и шовинистички.

„Верувам дека нема да добиеме таков одговор, бидејќи такво нешто не се ни случило. Верувам дека тоа на некој му требало во некои моменти“, заклучи Вучиќ.

Додаде дека не сака да ги коментира состојбата во Македонија и нагласи дека единствено што го интересира е „Србија да ја остават на мира“.

„Ние немаме никакви проблеми, тие нека си ја работата својата работа. Би имал што да кажам, различни ми се процените на долг и на краток рок, но мал човек сум јас за нив. Тие знаат подобро од мене. А тоа што не престанува да ме спомнува, што да правам, не зависи од мене“, вели Вучиќ.

Запрашан како ќе се одвиваат „затегнатите односи“ по именувањето на Зоран Заев за премиер на Македонија, Вучиќ одговара дека односите не се затегнати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.