Вучиќ: Нé молеа да го повлечеме Живаљевиќ , а потоа почнаа хајка (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното интервју за јавниот сервис РТС зборувајќи за дипломатската криза со Македонија потенцираше дека од претставницни на македонската влада спрската страна била замолена да го повече од Скопје разузнавачот Горан Живаљевиќ и оти тоа било искористено за подоцнежна хајка против Белград.

Вучиќ се наврати на настаните 27 април и безредијата во македонското Собрание, кога беше снимен српскиот разузнавач Горан Живељевиќ, кој подоцна во медиумите блиски на владата беше посочуван како организитор на инцидентот во кој беше повреден и подоцнежниот макдонски премиер Зоран Заев.

Српскиот претседател зборуваше за периодот кога во Македонија се случуваа игрите за промена на власта, по повеќемесечните протест, како што рече, „кои ги поттикнуваа поедни западни земји“, кога во Собранието се појави припадник на српската разузнавачко-безбедносна агенција БИА кој легално работел во Скопје, и кога тргнала хајката против него.

„Зборуваа дека Горан Живаљевиќ е човекот кој е одговорен за она што се случуваше во Собрението, бидејќи тоа го работел со руските служби“, рече Вучиќ и додаде дека за македонската страна би било многи да каже дека Русите ѝ посветиле на Македонија толкаво внимание и дека затоа морало да биде вовлечен некој друг.

„Бидејќи е тешко да ги вовлечете Бугарите, Грците и Албанците, ајде да ги вовлечеме оние кои немаат никакви територијални претензии кон Македонија и оние кои никогаш не сториле ништо против Македонија, па тоа нека е Србија“, тврди српскиот претседател.

Вучиќ притоа истана дека сака да се открие правата вистина.

„Тој г-дин Живаевиќ не отишол таму сам, не ме праша ниту мени ниту кого и да е други во нашата земја, иако нам мора да ни ги полага сметките, тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија и рекол: Јас сакам да бидам таму, дали имате нешто против, дозволувале ли? Тие биле целосно запознаени со неговото присуство таму, а тоа е искористено да се води кампања против Србија и за Србија да се внесе во одредени приказни кои имаат врски со игрите на големите сили, иако никаква врска со сите тие приказни таа нема“, тврди Вучиќ

Српскиот претседател рече дека потоа македонските претставници на состанокот на Брдо кај Крањ го замолиле да го повлече Живаљевиќ.

„Во првиот момент бев против, но потоа си реков: Твојата работа е да ја чуваш стабилноста и мирот по секоја цена, остави, ќе му објасниме на г-дин Живљевиќ тука дека е тоа е важно. И го повлековме пред неколку месеци и сето време молчиме. За тоа време се изживуваат над нас: Србија се повлече, виновни се, нешто криеле, којзнае што правеле?“, рече Вучиќ.

Коментирајќи ја изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров дека македонската Влада не наредила и оти немала намера да врши разузнавачки активности, Вучиќ запраша кој тогаш го правел тоа и додаде „ние знаеме што сé правеле што не им се прави на пријателите“.

„Нашата контраразузнавачка служба е силна и знаеме што сé работеле. Тоа е правено на многу повисоко ниво, што не им се прави на пријателите. Тоа го правеле и некои други во регионот и ние интерно ги предупредивме тоа повеќе да не го прават“, појасни Вучиќ.

„Станува збор за тоа што се прави обид да се создаде една политичка приказна во којашто Србија ќе биде вовлечена, а нема да дозволам да биде вовлечена. Сега зборувајте по ова што сакате, сега сите во светот се предупредени какви игри се играат. Ние по некој ден ќе го вратиме персоналот (во амбсадата во Скопје), од септември ќе се вратат“, истакана Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.