Балкан

Вучиќ: Парламентарни избори во Србија на 24-ти април

Вучиќ: Парламентарни избори во Србија на 24-ти април

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека вонредни парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 24-ти април.

Во рок од два дена Владата ќе му испрати на претседателот на државата образложен предлог, истакна Вучиќ за српската државна телевизија РТС, пренесува МИА.

Тој нагласи дека овие избори ќе бидат референдум дали Србија во 2020 година ќе биде модерна европска земја, односно „дали ќе одиме во иднина или ќе се вратиме во минатото“.