Вучиќ: Персоналот од Скопје повлечен по докази за офанзивно дејствување протви српски институции

Одлуката за итното повлекувње на целиот персонал на српската амбасада во Скопје е донесена откако од разузнавачките агенции се „добиени доволни докази за многу офанзивно дејствување против дејствување против органи и институции на Србија“, изјави во понеделникот српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што рече Вучиќ, вработените во амбасадата на Србија во Македонија се повлечени на консултации во Белград откако од надлежните разузнавачки органи се „добиени доволно докзи за многу офанзивно дејствување против органи ии институции на Србија“.

„Наше е нашите луѓе да бидат подготвени и спремни. Ќе има некои промени во нашиот персонал и да го заштитиме нашето пријателство со Македонците, а и како да се однесуваме во новото окружување. Има многу шпекулации и мислам дека во следните десет дена се’ ќе биде многу појасно“, изјви Вучиќ.

Српскиот претедател за новинарите изјави дека Србија ќе продолжи да ги развива пријателските одности.

Сите вработени во амабсадата на Србија во Скопје беа повлечени на итни консултации во Белград. Амбасадорката Душана Дивјак Томиќ не коментираше, а македонското МНР потврди дека примило нота од српските колеги и дека не ги знае причините за тоа, но дека во согласност со меѓународните конвеции се преземаат мерки за дополнителна зашитата и интегритет на амбасадата.

Претходно во понеделникот српската премиерка Ана Брнабиќ изјави во врска со ситуацијата со амбасадата на Србија во Македонија, дека „не станува збор за мала работа“ и оти таа имала консултации со претседателот на државата Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Пред новинарите во Владатата на Србија, најави дека наскоро ќе биде лиферувано соопштение од Министерството за надворешни работи, на кое во моментов, како што рече, „заеднички се работи“, пренесе Танјуг.

Сите вработени од Српската амбасада во Скопје синоќа беа повикани на итни консултации во Белград. Македонското Министерство за надворешни работи се’ уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје. Оттаму за МИА истакнаа дека воспоставуваат комуникација со МНР на Србија за утврдување на причините за оваа постапка.

Срспката амбасадорка Душанка Дивјаќ – Томиќ во изјава за српските медиуми потврдила дека целиот персонал од Амбасадата е повлечен во Белград, но рекла дека не може да коментира која е причината.

Од МНР информираат дека согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.

Српските медиуми пренесуваат и дека заминувањето на сите дипломати се должи на информациите кој ги добил Белград дека Македонија ќе предложи гласање за влез на Косово во УНЕСКО.