Вучиќ по повод Денот на државноста ги повика Србите на единство

Во Србија во четвртокот свечено се одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на 15-ти февруари 1804 година, кога започнало Првото српско востание за ослободувањето од Отоманското царство и истиот ден 1835 година, кога е усвоен првиот модерен устав на Србија и еден од првит современи устави во тогашна Европа.

Претседателот Александар Вуќи порала на свеченоста во Орашац, каде што започнало востанието пред 214 години, дека на денешниот ден се одбележуваат и славата „двете свети вредности – слободата и српската држава“ за којашто се избориле претците на денешните генерации.

„Слободата ни ја осветли Караѓорѓе, а српската држава Милош Обреновиќ. Временската дистанца е повеќе од доволна да ја сфатиме погубноста на сите српски поделби… Треба да започнеме со најголемата борба против исчезнување, тоа е борба за опстанокот и иднината на Србија, борба на сé или ништо“, порача српскиот претседател Александа Вучиќ повикувајќи го сонародниците да бидат одговорни кон себе и кон идните генерации, укажувајќи меѓу другото и на демографскиот проблем на српската нација.

Порача и дека Србија миора да се одбрани „од влијанието и интересите на големите сили“, но дека „уште поважно е да се сочува и обнови нашиот народ“.

„Сé ќе ни биде попусто ако немаме луѓе“, рече Вучиќ оценувајќи дека патот кој претстои е „долг и тежок“.

„Пред нас подигнаа планински венци од услови и препрели… Челата ни се високо и мораме да го кажеме она што го рекол Ханила тргнувајќи на Рим: Или ќе го најдеме патот или самите ќе го направиме“, речи Вучиќ истакнувајќи ја решителноста при соочувањето со предизвиците во иднината.

На централната свеченост по повод Денот на државноста присуствуваше српскиот државен врв, претставници на Србите во регионот, претсеателот и премиерката на Репулика Српска, Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ.