Вучиќ по средбата со Меркел: Србија ги има целосното разбирање на Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел заклучила дека Србија ја игра клучна улога во решавањето на проблемите на Западен Балкан,а српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во петокот по средбата со неа дека Србија го има целосното разбирање и поддршката од Германија на нејзиниот пат кон Европската унија.

„Си земавме задача особено во првата половина од годинава да водиме интензивен дијалог во однос на Западен Балкан“, изјави Ангела Меркел укажувајќи на активностите поврзани со бугарското претседавање со Европската унија.

Меркел пред разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој по вторпат од почетокот на годинава престојува во Берлин, ја истакна важноста на Србија како политички и економски фактор во овој дел од Европа.

„Ако ги земеме предвид Косово и Босна и Херцеговина, Србија тука игра клучна улога и затоа е важно да одржуваме блиски и интензивни контакти“, рече Меркел.

„Ангела Меркел ги сослуша нашите аргументи и покажа разбирање и почитување за Србија“, рече Вучиќ по работниот ручек со германската канцеларка во Берлин.

Додаде дека со канцеларката Меркел разговарал за билатерални прашања, состојбите во регионот, но „најмногу за Косово“.

„Во оваа прилика Ангела Меркел и јас дојдовме до заклучокот дека треба да се избегнуваат соите можни провокации коишто може да водат до заострување на состојбата на Косово“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека верувал дека во врска со импелментацијата на ткн Бриселски договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе биде можен директен договор меѓу Белград и Приштина.

„Сега сфаќам дека треба да се земат предвид и интересите на Европската унија, Русија, САД и дека за сето тоа мора да биде известена и Кина, што дополнително ја компликува работата“, заклучи Вучиќ.

Тој во повеќе наврати ги истакна добрите економски односи со Германија и нагласи дека „само вчера“ беа поставени два камен-темелници за фабрики на германски компании во Србија, од која една е на Siemens во Крагуевац.

Пред самата средба со Меркел, Вучиќ ѝ се заблагодари на германската канцеларка без којашто, како што истакна, „во регионот би имало уште повеќе судири“.

Вучиќ најави дека Србија, и покрај најавеното изостанување од самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во мај во Софија, и тоа поради присуството на претставници на Косово, „ќе биде присутна“ на вој настан.