Вучиќ порача дека Србија нема никого за ништо да моли и знае што треба да прави на патот во ЕУ

Србија на патот на евроинтеграциите мора да го одработи својот дел од работата и знае дека треба да го подобри владеењето на правото и слободата на изразувањето, но не сака никого за ништо да моли, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за францускиот дневен весник Le Monde оценувајќи дека Белград во преговорите со Приштина допрва ќе наиде на најтешките предизвици.

„Мојот пристап се раликува од пристапот на премиерот на Албанија, Еди Рама. Не сакам за ништо да молам. Ние мораме да го работиме својот дел од работата, мораме да напредуваме поради себе“, вели Вучиќ за Le Monde.

Економскиот напредок на Србија го поздрави и Европската комисија, истакнува претседателот Вучиќ, и додава дека во Белград точно знаат што ги очекува.

„Знаеме што треба да се подобри: владеењето на правото и слободата на изразувањето“, додава Вучиќ и порачува дека на Србија ѝ се потебни повеќе странски вложувања.

Коментирајќи ја порака на францускиот претседател Емануел Макрон од неодамнешниот самит ЕУ – западен Балкан во Софија дека на Унијата ѝ се потребни реформи пред да прими нови членки, Вучиќ како охрабрувачко го оценува тоа што го слушнал од Макрон и од германската канцеларка Ангела Меркел.

„Секако, никој не е толкав ентузијаст колку што тоа би го сакале тоа ние на Балканот. Тоа е реалноста. Францускиот претседател ми изгледа позитивно, иако зборуваше за потребата да се зајакне ЕУ пред разгледувањето на приемот на новите членки. Тој е вистински лидер токму затоа што е во состојба да каже тешки работи“, оценува Вучиќ.

Во интервјуто за Le Monde, српскиот преседател посочува дека „најтешкото допрва го чека“ Белград во односите со Приштина, како и дека за Балканот сé станува возможно доколу се постигне мир.

„Токму тоа ме опседнува, а не она што другите го мислат, Европејците“, вели Вучиќ и порачува дека на крајот „сите ќе мора да направат отстапки“.

Притоа српскиот претседател го избегнува директниот одговор на прашањето да ли можат тие отстапки да достигнат до моментот кога Белград би ја признал независноста на Косово.

„Не сакам да ја коментирам таа тема“, вели Вучиќ појаснувајќи дека тоа би ја нарушило преговарачката позиција на Белград, и додава „Но подготвени сме да разговараме за сето она што може да нé доведе до компромисно решение“.

„Многиу луѓе во мојата земја, дури мнозинство од моите сонародници, поваќе сакаат тој конфликт да остане замрзнат. Тие очекуваат некое чудо да стаса од Русија, Кина, Индија… Никогаш не сум ги охрабрувал таквите ставови“, вели Вучиќ.

„Станува збор за судбините на стотици илјади луѓе за вековниот територијален судир. Тоа е клучното, доколку тоа прашање не биде решено, Србија нема да има иднина“, заклучува Вучиќ во интервјуто за париски Le Monde објавено под наслов „Косово: Српскиот претедател подготвен да разговара за сé“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.