Вучиќ: Поради изборите името на убиецот на Јелена не треба да се објави пред понеделник

Премиерот на Србија Александар Вучиќ очекува и верува дека полицијата ќе го реши убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање од каде му е информацијата дека убиецот ќе биде уапсен во рок од 48 часа, рече дека не рекол така и дека неговите очекувања ги изнел во еден неформален разговор.

Тој додал дека би сакал полицијата за тоа да не ја известува јавноста пред понеделник со цел дека оние што знаат дека неможат да победат на изборите во Србија да не користат говор на омраза.

Очекувам и верувам дека полицијата мора тоа да го реши, наведе Вучиќ, пренесува српски „Курир“.