Вучиќ повторно во Сребреница

Српскиот премиер Александар Вучиќ повторно во Сребреница. Тој ја започна посетата на Сребреница со поклонување на жртвите и положување цвеќе  во Меморијалниот центар во Поточари.

Како што јави Танјуг, во Мморијалниот центар цвеќе положија и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, и началникот на општина Сребреница Ќамил Дураковиќ.

Инаку, Вучиќ во Сребреница присуствува на Инвестициско – развојна конференција за помош на оваа општина во Реублика Српска.

Покрај Вучиќ, на Конференцијата присуствуваат лидерите од Регионот, а во и околу Сребреница преземени се високи мерки за безбедност, а подрачјето го надлетува и хеликоптер.

Инаку, годинава ова е втора посета на Вучиќ на Поточари. Сеуште не е завршена истрагата за нападот врз српскиот премиер и српската делегација, која таму престојуваше и на 11-ти јули.