Вучиќ: Сите учесници во тепачката на стадионот ќе бидат заслужено казнети

Сите коишто ги предизвикале инцидентите и тепачката на фудбалскиот меч меѓу Партизан и Црвен ѕвезда, ги организирале безредијата или учествувале во нив, ќе бидат заслужено казнети за своето хулигантско однесување, порача во неделата српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ќе ја добијат заслужената казна за своето хулиганско оденсување, а ќе видиме дали имало и други работи за некои други постапки и за некои други казни“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите во текот на посетата на градилиштето на Коридорот 10 и отворањето на Клиничкиот центар во Ниш.

Како што известува Радио-телевизија Србија (РТС), српскиот претседател рекол дека „сѐ се следи и испитува“, како и дека имало „одредени пропусти“, бидејќи требало „оние коишто го следат пазарот на дрогите и она што на него се случува, да бидат запознаени со постапките на некои мафијашки кругови“. Имено, според пишувањето на белградските медиуми, кај еден од уапсените Хрвати била пронајдена дрога.

Без да наведува поединости, Вучиќ оцени дека „сето тоа и не е баш лесно“, како дека во крајна линија полицијата добро реагирала.

Навел дека учесниците во тепачката според коишто исказите коишто ги дале „не биле баш заинтересирани за квалитетот на натпреварот“ како и дека одвај можел да кажат има не еден од фудбалерите кои настапиле на мечот.

Претходно во четвртокот белградските медиуми повикувајќи се на соопштението на српското министерство за внатрешни работи дека поради тепачката и безредијата на синоќешниот натпревар се уапсени 26 лица, и оти меѓу нив има и државјанин на Македонија, неколку од Грција, од Бугарија, Русија и шест од Хрватска, што потврди и официјален Загреб.

Во тепачката на јужната трибина на стадионот на Партизан повредени се најмалку 20 лица, меѓу кои и еден државјанина на Хрватска, кој е прободен со нож. Најтешко е повреден еден учесник во тепачката на кого му се откинати нос и уво и избиени мус е сите заби.

Според неофицијалните сознанија на медиумите меѓу уапсените хравтски државјани тројца се од Сплит познати како ултимат фајт борци, познати на тамошната полиција по рекетирање и насилничко однесување.

Белградското обвинителство во петокот ги испитало сите учесниците во тепачката во средата на стадионот на Партизан, на кои им е одреден 30-дневен притвор поради „насилничко однесување на спортска приредба“, и се префрлени во Окружниот затвор во Белград. За делата за кои се товарат им се закануваат затворски казни од шест месеци до пет години, а 12 години во најтешкиот обил на насилство, казна за водачите на група која прави насилства.

Според тврдењата на медиумите, станува збор за меѓусебна пресметка на навивачите на Партизан, но сѐ уште не се утврдени околностите за учество на странските државјани во овој судир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.