Вучиќ: Србија е под голем притисок поради односите со Русија

Србија е подложена на голем притисок од страна на „големите земји“ поради нејзините блиски односи со Русија изјави во четвртокот српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Првпат зборувам за ова на овој начин. Повеќе не е возможно да се појавите каде и да е на Западот, а да не ве запрашаат за Русија. И за да не ве прекорат за русофилија, иако не сте сториле ништо што тие го сметаат за интерес, но на тоа се противи Западот“, изјави српскиот претседател Александат Вучиќ за белградската телевизија Пинк.

Истакна дека Србија е независна држава и самостојно ги носи одлуките, и истакна исто така, дена странските амбасадори повеќе не се распрашуваат што да напишат во декларациите, резолуциите и другите акти, како што беше некогаш.

„Откако дневниот ред на седниците на владата во почетокот го доставуваа во одредени амбасади, за што постоат официјални податоци, и веднаш откако биле на заседание на владата. Би се срамел доколку би учествувал во такво нешто. Денес сум горд на фактот што Србија е независна во носењето на своите одлуки“, додал Вучиќ.