Вучиќ: Србија нема да биде паркиралиште за имигранти

Премиерот Александар Вучиќ денеска порача дека Србија нема да биде паркиралиште за имигранти, дека не сака и нема да вдоми стотини илјади од нив, но подготвена е да учествува во системот на квоти, иако ја нема таа обврска како членките на ЕУ, пренесува МИА.

Коментирајќи ги неофицијалните информации дека на претстојната конференција во Лондон дел од парите ќе бидат наменети за Србија со цел дел од мигрантите да се задржат во земјата, Вучиќ нагласи дека „тие пари ние не сме ги виделе, тоа се многу големи пари за нашата земја, и кога на нас некој би ни дал толку милиони евра, тоа би значело дека стотина илјади имигранти ќе останат во Србија“.

Тоа не е можно. Србија не е паркралиште за било кого и не може тоа да биде, порача Вучиќ, и истакна дека Србија е спремна да вдоми одреден број бегалци и да учествува во системот на квоти иако не е членка на ЕУ и тоа не е нејзина обврска.

Вучиќ: Србија нема да биде паркиралиште за имигранти
Вучиќ: Србија нема да биде паркиралиште за имигранти

Ние сме почесни од многу земји-членки кои земаа пари од Германците и ЕУ кога им беше потребно, е сега не учествуваат во овој проблем на правилен начин. На нас пари не ни се потребни, можеме да вдомиме одреден број луѓе, но стотини илјади – тоа Србија не може да го издржи, нагласи Вучиќ.

Српскиот премиер повтори дека на Србија пари не и се потребни, дека трошоците поврзани со имигрантите ќе ги покрие од сопствениот буџет, и се заблагодари на УНХЦР и ЕУ.