Вучиќ на средба со Путин

Вучиќ на средба со Путин. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денес ќе оствари средба со претседателот на Русија Владимир Путин. Со оваа средба српскиот премиер ќе ја заврши повеќедневната посета на Москва.

Како што соопшти денеска прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, јавниот дел од работниот ден Путин денес ќе го започне со состанокот со премиерот на Србија, пренесува Танјуг.

Во текот на претходните денови Вучиќ разговараше со премиерот на Русија Дмитриј Медведев, раководството на голем број руски фирми што работат во Србија, како што се Гаспром или Руски железници и учествуваше на бизнис форумот на српски и руски претприемачи, како и на саемот на нови технологии „Отворени иновации 2015“.

Како што најави вчера Вучиќ, тој со Путин ќе разговара за унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји, а меѓу другото и за безцарински извоз на возилата на Фијат во Русија, набавката на ново оружје за Србија и искористување на нејзината наменска индустрија, инфраструктурни проекти и друго.