Вучиќ: Српската Влада ќе даде пет милиони евра за Сребреница

Српскиот премиер, Александар Вучиќ денес изјави дека Владата на Србија донела одлука да одвои пет милиони евра за Сребреница.

Вучиќ на Инвестициско-развојната конференција во Сребреница рече дека веќе во понеделник ќе бидат префрлени два милиони евра на сметката на општината Сребреница.

Како што додаде Вучиќ, останатите три милиони евра ќе бидат дадени за одбрани проекти за потребите на Сребреница, ќе биде формиран тим кој ќе работи на реализација на проектите.

– Она што ќе го ветиме, тоа и го исполнуваме, нагласи премиерот на Србија кој посочи дека парите се подготвени.