Вучиќ: Во Србија е подготвуван заговор против Црна Гора

србија

Тој наведе дека криминалците го следеле Ѓукановиќ со високотехнолошки методи и оти тие не се поврзани со српските државјани уапсени  во Црна Гора на денот на изборите, пренесува Б92.

– Одредени лица го следеле движењето на црногорскиот премиер и секоја секунда информирале други лица, кои требало да дејствуваат, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека Србија има цврсти материјални докази за таквите тврдења и дека се одземени околу 125.000 евра, униформи и други работи и сето тоа сопственост на државните органи на Србија.

– Лицата кои подготвувале илегалнни дејности во Црна Гора се под контрола на државните органи на Србија и Црна Гора е информирана за тоа, посочи Вучиќ.

Тој додаде и дека во целиот случај не се вмешани политичари од Србија и од Црна Гора, туку дека станува збор за криминалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.