Вучиќ: За 40 години нема да имаме ниту држава ниту народ

Србија има многу сериозен проблем со депопулацијата и ако продолжат вакви трендови за четири децении ќе има околу 3 милиони жители помалку, што може да доведе до губење на нејзиниот демографски, економски и политички потенцијал, порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според него, Србија за последен пат имала помалку од седум милиони жители во 1966 година.

– За 40 година нема да имаме ниту држава ниту народ- рекол Вучиќ.

Ако продолжи трендот на негативен прираст на жителите, проценките се дека во 2060 година Србија ќе има меѓе 3,9 и 5,5 милиони жители во однос на сегашните седум милиони.

– За тоа нема да ни биде виновен никој, ни Америка ни ЕУ, никој освен нас самите- рекол Вучиќ, спред кого до 2060 година би можело да има 1,6 милиони пензионери, колку ги има и сега.

За таа цел Вучиќ промовираше програма која треба да го зголеми наталитетот во Србија.

– Родителите во Србија ќе добијат еднократна помош од 100.000 динари за своето прво дете во иднина, за второто 10.000 динари месечно за две години, за трето дете 12.000 евра за десет години, а за четврто 18.000 евра за период од десет години- изјави Вучиќ.