Вугринец дефинитивно заминува од Металург

Македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец имал желба да остане во Металург, но според информациите не се вклопувал во новите планови на тимот.

Навивачите на Металург се надеваа дека барем Вуги ќе остане од „старата гарда“ која му го донесе најголемиот успех на тимот, но сепак тој за весникот „Македонски Спорт“ потврди дека дефинитивно заминува.

Вугринец кариерата ја продолжува во Катар, поточно во тимот Лахвија каде ќе игра до крајот на сезоната.