Вугринец на пат кон Германија – следна дестинација е Вецлар ?

Еден од најдобрите ракометари во тимот на Металург, а воедно и новопечен репрезентативец на Македонија, Ренато Вугринец е пред преселба во бундеслигашот Вецлар.

Според германските медиуми, Вугринец во тимот на Вецлар че им се придружи на Ивано Балиќ и Хозе Омбрадос, а договорот би требало да се официјализира во наредните неколку денови.

Доколку овие најави се реализираат Металург ќе загуби уште една голема ѕвезда, отккао претходно клубот од Автокоманда го напушти голманот Дарко Станиќ.

Во моментов Вугринец е со обврски кон македонската репрезентација, која во недела ја очекува вториот квалификациски меч за пласман на ЕП во Полска во 2016, а противник ни е селекцијата на Чешка.